- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Епстин: Одлуката за Америка ќе влијае над Мексико и Канада

Шефот на Патеката на Америките, Боби Епстин, вели дека е прерано да се одлучи судбината на Американското Гранд При на календарот за 2020 година и самиот тој не брза да добие одлука од Формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Трката теоретски е сеуште на календарот за 25 Октомври, а може да биде дел од четири трки на континентот. Пред КОТА може да се одржи Канадското Гранд При, на 11 Октомври, доколку се постигне договор со локалните власти, а потоа да следи Мексико на 1 Ноември и Бразил на 8ми истиот месец. Ниту еден од тие датуми не е потврден од страна на Формула 1, а дополнително појаснување што ќе се случи по Италијанското Гранд При на 6 Септември се очекува наскоро.

Не знам дали може да кажеме дали ќе се одржи трката или не. Одлука ќе биде донесена, но сеуште не сме таму. Мислам дека Формула 1 ги разгледува сите опции да се одржи трка, Но не мора да притискаме за одговор моментално. Сочувствувам со Чејс Кери и сите работи кои мора да ги балансира и верувам дека ќе овозможи трки на што повеќе дестинации, а притоа да избегне откажување на некоја во последен момент.

За нас е лесно да одржиме трка со кратко известување, најверојатно ќе ни бидат потребни 3 недели. Подготвени сме, само треба да ги вклучиме светлата. Формула 1 ги има плановите како да се разделат тимовите и да се работи со ограничен персонал.

За публика е потребно повеќе време и подготовки. Тие може да чекаат до последен момент дали да се дозволи публика или не, но не верувам дека ќе чекаат до последен момент. Мислам дека ќе донесат одлука набрзо, не само за Остин, туку и за Мексико и Канада.

Мора да верувате дека ќе направат се што во долгорочен интерес на бизнисот, а таа дефиниција ќе биде поинаква годинава. Доколку одлучат да останат во ограничен простор како Европа и сите трки да се одржат таму, јас ќе го поддржам тоа. Ако се во можност да допатуваат до Тексас за турнија низ Северна Америка, го обожавам тоа – заврши епстин.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Оштетеното предно крило на Макс направило проблем

Ред Бул открија дека откачениот страничен дел од предното крило на болидот на Макс Верстапен за време на трката на Ред Бул Ринг се...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...