Жалбите на Ред Бул вродија со плод, Мерцедес не е доминантен на правците

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, беше задоволен што брзината на правците на Мерцедес на квалификациите не била доминантна како на претходната трка.

Шефот на тимот жестоко “удри“ по конкурентите од Мерцедес откако брзината на правците на последните неколку трки беше надмоќна во однос на сите останати, а целиот сомнеж беше на задното крило за кое Ред Бул обвинија дека флексира под голема брзина и со тоа го намалува отпорот. ФИА најави дека по крајот на квалификациите ќе прави тестови на флексибилноста, по што изгледа дека Мерцедес промениле нешто.

мислам дека тестовите за отпор кој ги спроведе фиа си ја завршија работата затоа што брзината на правците на мерцедес е нормална и целосно под контрола.

одеднаш сме на исто ниво, тоа не сме го виделе 5 трки, така што, како што кажав и претходно, не се работи за патеките, туку за конструкцијата на нивното задно крило кое ќе беше од неверојатно голема помош на џеда и абу даби – откри хорнер.

Во однос на тоа каде Хамилтон правел предност против Верстапен на Лосаил поради што предноста на квалификациите беше доста голема, Хорнер посочи дека средниот сектор бил доминантен на Мерцедес.

нивната брзина на правците се намали и во моментов е слична како нашата што е убаво да се види. луис правеше голема предност во 6та и 7та кривина од патеката, особено тоа беше случај во последниот круг кога имаше неверојатен сектор по тие две бавни кривини. Така, брзината на правците им е нормална, но луис имаше неверојатен круг.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема