0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Жу не е загрижен што сеуште нема договор

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Жу Гуанју сеуште не е загрижен дека следната година може да остане без тркачко место во Формула 1 гридот.

Кинескиот дебитант вели дека Алфа Ромео се многу среќни со него, но тимот на Заубер сè уште не потврдил дека тој ќе остане покрај Валтери Ботас следната година.

Ова е мојата прва година во Формула 1 и затоа тимот ги анализира моите перформанси.

Но, повратните информации ветуваат и тимот е многу задоволен од работата што ја вршам. Среќен сум што работам со нив, многу уживам – посочи кинезот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сепак, неговиот едногодишен договор истекува на крајот од сезоната.

Сè уште ништо не пристигнало – рече Жу на прашањето за продолжување на договорот, Но се надевам на добри вести.

Некои инсајдери очекуваа Алфа Ромео да ја искористи приликата на неодамнешната трка во Италија за да објават договор за Жу за 2023 година. На прашањето зошто тоа не се случи, тој изјави за весникот Ел Мундо Депортиво:

Па затоа што сè уште не е решено. Имаме планови и треба да одлучиме за договорот во зависност од повратните информации. Сега зборуваме за иднината и се изгледа ветувачко, но мора да почекаме.

Сепак, и покрај неизвесноста, Гуанју инсистира дека неговата крајна цел еден ден е да се бори за светски шампионат и дека останува на вистинскиот пат.

Тоа е целта со оваа работа. Првата година целта беше да научам и да ги подобрам моите вештини, но ќе дојде момент кога ќе сакам да се борам за подиуми, или сигурно повеќе од само бодови.

Се надевам дека еден ден ќе бидам на таа позиција, но токму сега сум тука и се обидувам да ги изведам работите како што треба во првите неколку години пред да го направам тој чекор.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Алфа Ромео казнети со 10.000 евра поради гумите

По петочните тренинг сесии, Алфа Ромео добија казна од 10.000 евра поради неследење на пропишаната процедура од...

Жу никогаш не се сомневал во Алфа

Гуанју Жу смета дека продолжувањето на соработката со Алфа Ромео никогаш не била под знак прашалник и...