Заминувањето на Фетел од Ферари ја чини Ф1 90 милиони долари

Официјалната потврда дека Себастијан Фетел го напушта Ферари на крајот од сезонава веќе ја чини Формула 1 90 милиони долари. Спортот беше превземен од страна на Либерти Медиа доцна во 2016 година по што акциите почнаа да котираат на берза.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Берзанската котација го направи спортот ранлив на пазарни промени и на нови информации, а во Март кога сезоната е почна на време, а трката во Австралија беше откажана, акцијата загуби многу. Со откажувањето на трките акциите продолжија да губат вредност, но и промени во пазарот на возачите носат реакција кај цената.

Според FormulaMoney, штом Ферари и Фетел официјално објавиле дека нема да ја продолжат соработката во 2021 година, акциите на Формула 1 загубиле 4,5% од својата вредност, но за два дена, кога Скудерија објави дека го ангажира Саинз, цената на акциите се зголемила за 3,1%, но сето тоа значи губење на 90 милиони долари од пазарната капитализација на компанијата.

не се памети друга сезона кога формула 1 екипите толку рано пред да почнат трки објавиле промени кај возчите. изгледа дека многумина сметаат дека нема да има тркање во 2020 година и нема да имаат потреба да користат услуги на возачи кои заминуваат во друг тим. сепак, не е добар момент да се имаат формула 1 акции – пишува FormulaMoney.

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...