- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Занарди имаше и втора невролошка операција

Над Алекс Занарди беше извршена втора невролошка операција, 10 дена откако беше примен во болница по сериозни повреди на главата претрпени во сообраќајна несреќа додека тој го возел својот рачен велосипед.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поранешниот Формула 1 и КАРТ возач, беше удрен од камион додека учествуваше во настан во Сиена на 19 Јуни, со што претрпе повреди на главата и лицето. Занарди помина низ операција веднаш откако беше примен и беше ставен медицинска кома, а од минатата Среда се потврди дека неговата состојба останува сериозна.

Според извештај од болницата во Сиена, потврдено е дека Занарди имал втора операција откако се забележала еволуција во неговата состојба која барала нова хируршка интервенција.

Операцијата траела два и пол часа, по што тој бил вратен на интензивна нега и е сеуште во кома. Од болницата пренесоа дека тој е во стабилна состојба од распираторна гледна точка, но во сериозна од невролошка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...