- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Илјадници фанови барале Рич Енерџи да се вратат во Ф1

Извршниот директор на Рич Енерџи, контроверзниот Вилијам Стори, тврди дека производителот на енергетски пијалоци ќе се врати во Формула 1. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Контроверзниот поранешен спонзор на Хаас го напушти спортот откако тимот го раскина договорот во Септември 2019, а како образложение беа слабите резултати на американската екипа. Од друга страна, од Хаас открија дека не добиле никакво плаќање од компанијата.

Би сакал да се заблагодарам на илјадниците фанови на моторспортот кои не контактираа и сакаат да се вратиме во Формула 1. Ние имавме договор со Хаас да бидеме нивен главен спонзор, Но имавме проблеми со акционерите и поради тоа требаше да има промени.

Сега го имаме еден од најдобрите тимови Рич Енерџи ОМГ Рејсинг кај моторциклите и тие се наши амбасадори во светот. Пример е Алваро Баутиста, Го имаме Џејмс Хилиер кој е ТТ легенда и вози на Дакар покрај Даво Џонсон кој вози за Рич Енерџи.

Возбудни сме што се враќаме во Формула 1 и ќе бидеме многу конкурентни. Мислам дека ова е во интерес на сите наши подржувачи. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно