0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Италија: Верстапен победи по глупава одлука на директорот на трка

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Макс Верстапен дојде до својата 5та победа по ред во трка која можеше да има одличен крај да не беше тромавата одлука на контролата на трка на крајот.

Шарл Леклер заврши на 2ро место пред Џорџ Расел од Мерцедес, а Саинз, Хамилтон и Перез финишираа до 6то место откако тргнаа од позадина. До поени на своето деби дојде и холанѓанецот Ник де Врис.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Стартот не донесе големи возбудувања на врвот, но Ландо Норис имаше проблеми и загуби три позиции, додека Макс Верстапен тргна од 7мо место, а на крајот од првиот круг веќе беше на 3та позиција.

На почетокот од 5от круг со корисгење на ДРС, Макс Верстапен го нападна и го мина Џорџ Расел од Мерцедес превземајќи го неговото 2ро место, откако неколку кругови нижеше најбрзи обиколку. Потоа единствено Шарл Леклер на Ферари беше пред него околу 2 секунди.

На почетокот од 6от круг, Карлос Саинз го мина Ленс Строл откако на Параболика го претекна и Себастијан Фетел и дојде до 10то место откако трката ја почна на опашката, односно како 18ти. До 12от круг, Карлос ги мина и Жу, де Врис, Алонсо, Норис и Гасли на почетокот на тој круг беше 5ти.

Во кругот број 8, Серхио Перез ги промени стартните медиум на нови хард гуми откако беше на 13то место, а се врати на патеката како последен, но од неговото рпедно десно тркало излегуваше чад како да ги прегреал сериозно сопирачките во тој дел од болидот.

Во 12от круг, Себастијан Фетел се пожали дека губи моќ од моторот откако очигледно имаше чад од задниот дел на неговиот болид, така што кусо потоа го запре болидот крај патеката. Ова застанување крај патеката донесе виртуелно безбедносно возило на патеката, а проблемот со болидот бил Системот за повраток на енергијата.

Забавувањето на трката поради виртуелно безбедносно возило го искористи Леклер кој зема медиум, додека Макс Верстапен и Џорџ Расел продолжија. Моначанецот влезе во боксот како лидер, а излезе на 3то место, пред Даниел Рикардо.

Во 14от круг по повлекување на виртуелното безбедносно возило, Карлос Саинз го мина Даниел Рикардо и дојде до 4то место, веднаш зад својот колега, Шарл Леклер.

Кругот број 19 беше моментот кога Естебан Окон влезе по сежи гуми, а круг по него беше гужва и менуваа Пјер Гасли, Јуки Тсунода, Даниел Рикардо, Ник де Врис.

Во 24от круг, Џорџ Расел влезе во бокс по нови гуми и своите стартни софт ги промени во хард компонентата, така што веројатно ќе оди до крај со тие гуми. Младиот британец се врати на 4то место, зад Карлос Саинз.

Во 26от круг во посета на своите механичари влезе и Макс Верстапен и стартните софт ги промени со медиум гуми, губејќи го водството во однос на Шарл Леклер.

Следниот круг дуел имаа старите познаници, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон се бореа за 6то место во ситуација во која двајцата немаа влезено во бокс и беа со старните медиум гуми.

Во 31от круг Карлос Саинз конечно промени гуми и своите првично жолто маркирани медиум ги промени на софт на 22 кругови пред крајот на трката. Шпанецот се врати на 7мо место, но три кругови подоцна го мина Чеко Перез за 6то место. Кога Хамилтон промени гуми, возачот на Ферари напредна до 5та позиција, а потоа и уште едно место при промената на Ландо Норис од 36от круг.

Следниот 32ри круг Фернандо Алонсо се паркираше во гаражата откако неколку кругови претходно се жалеше на моторот. По 10 последователни трки кои ги завршува во поени, двократниот првак на Монца ја заврши трката 20 кругови пред крајот. Проблем за Алпин беше протекување на вода од болидот така што истиот имаше проблем со ладењето.

Во 34от круг Шарл Леклер по втор пат промени гуми, овој пат се врати на брзиот софт, го препушти водството на Верстапен, но се врати на второ место, пред Џорџ Расел. Заостатокот на Шарл беше “ситно“ под 20 секунди.

Истиот круг прв пат во бокс по свежи гуми влезе и Луис Хамилтон, монтираше софт и се врати на 12то место.

НА крајот од 41от круг, Ленс Строл по проблем со прегревање на сопирачките го паркираше болидот во боксот за двојно откажување на Астон Мартин од Италијанското Гранд При.

Во 42от круг Ред Бул се решија да му дадат свежи софт на Серхио Перез кој од 7от круг возеше со хард гуми. Мексиканецот влезе во гокс како 5ти и загуби две позиции, од Луис Хамилтон и од Ландо Норис.

Во текот на 47от круг во средниот сектор Даниел Рикардо го паркираше својот Мекларен по проблеми со моторот. Поради тоа што болидот беше паркиран на самата патека, безбедносното возило се појави на патеката. Џорџ Расел се најде во вистинско време на вистинско место и влезе во бокс по свеж софт, а истото го направи и Карлос Саинз кој беше зад него. Водечките двајца го минаа влезот на боксот додека сеуште се решаваше дали да се појави безбендосното возило.

Но, среќа иама и Верстапен и Леклер кои следниот круг додека уште го стигнуваа безбеносното возило влегоа во бокс и добија нови софт гуми, така што до крајот следуваше луда трка на болиди со брзи меки гуми. Од првата четворка, само Саинз имаше нови софт, останатите тројца веќе користени гуми.

Зад безбедносното возило се формираше колоната од Макс пред Леклер, а потоа Расел и Саинз пред Хамилтон, Перез, Норис, Гасли, изненадувачки де Врис и последен во топ 10 беше кинезот Жу.

Бавните одлуки на директорот на трка донесоа крај на трката под безбедносно возило откако болидот на Рикардо беше заглавен во брзина, се чекаше доаѓање на механизација за поместување на истиот,круговите минуваа, трката не беше сопрена, така што наместо жестоки неколку кругови добивме ултра досаден крај под безбедносно возило.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...

Биното и Ферари бараат двојна казна за Перез

Шефот на Ферари, Матиа Биното, верува дека победникот на Големата Награда на Сингапур, Серхио Перез, треба да...

Перез: Немам поима зошто сум под истрага

Серхио Перез вели дека не разбира зошто се соочува со истрага од стјуардите за прекршок при безбедносното...