Италија: “Малиот“ сам ги уништи Мерцедес

По пауза од 9 години откако Фернандо Алонсо за последен пат во 2010 година победи за Ферари на домашната Монца, младиот Шарл Леклер сам се бореше против два болиди на Мерцедес и успеа да ги победи пред тифозите. Младиот возач не го испушти водството цела трка, издржа напади од Ботас и Хамилтон, ги држеше на безбедна дистанца и стигна до втората последователна победа годинава, втора за Скудерија Ферари во 2019 година.

Мерцедес втора трка по ред мораа да се задоволат со второ и трето место, но без победа, додека Рено дојдоа до феноменални поени, Даниел рикардо 4ти, Нико Хулкенберг зад него. Алекс Албон со уште еден одличен настап и 6то мессто за Ред Бул, две позиции пред Верстапен кој тргна од последниот ред, а нив ги раздели Чеко Перез. Антонио Џовинац втор пат сезонава дојде до поени, овој пат до два, а поен освои и Ландо Норис кој исто така почна под казна.

Стартот не беше совршен за Шарл затоа што не тргна брзо како Хамилтон, но на долгиот правец неговиот силен мотор дојде до израз и успеа да си го завчува лидерското место. Фетел “падна“ зад Хулкенберг но на крајот нап рвиот круг успеа да си го врати 4то место од стартот.

Макс Верстапен тргна многу внимателно од последниот ред, но тоа не му пречеше на Серхио Перез да го закачи и да го натер во гаража по првиот круг по нови гуми и ново крило.

Фантатичен дуел следуваше во кругот број 3 кога Александер Албон го нападна Карлос Саинз за 8мо место, но шпанецот не се даваше и на следнито правец се одбрани и го примора британецот со тајландско потекло да излезе од патеката и да се приклучи на 11та позиција.

Болидите на Рено се ротираа по два круг, Рикардо на крајот на правецот под ДРС го мина коелгата Хулкенберг и си ги задржаа позициите до крајот.

Срцата на тифозите застанаа во 7от круг кога непречен од никој Себастијан Фетел се изврте на патеката, но следуваше поголема глупост од германецот. Ги пропушти двата болиди на Рено, но како да не виде дека доаѓа и Ленс Строл и сакајќи да се приклучи на патеката го закачи возачот на Рејсинг Поинт за што доби 10 секунди казна. Строл беше нервозен од потегот на Себ и тој исто така брзаше да се врати на патеката откако се изврте, и за малку ќе го удреше Пјер Гасли. Канаѓанецот “ќари“ минување низ боксот за оваа своја несмасност.

Во 15от круг Александер Албон го минуваше Кевин Магнусен од Хаас, но не успеа да ја “фати“ кривината и доби казна од 5 секунди подоцна за стекнување на предност преку пресекување на дел од патеката.

Казни “фрчеа“ од сите страни, казна доби и Кими Раиконен поради неправилни гуми на стартот. Имено финецот влезе во К3 вчера и иако се изврте и заврши во оградата на Параболика и немаше поставено време, мораше да почне на софт гумите со кои стигна до К3. Но, Алфа Ромео направија превид и ја почнаа трката од бокс со него на медиум.

Прв од водечките по свежа гума влезе луис Хамилтон во 19от круг и доби медиум, а круг понего влезе и Леклер кој доби хард. Следуваше бркотница од 30-тина кругови во кои Луис никако не успеваше да дојде до позиција да го нападне водството на Ферари.

Во 22от круг Макс Верстапен влезе во поени минувајќи го Ландо Норис за 10 то место. Истиот круг имаше фантастичен дуел Леклер, Хамилтон и Хулкенберг кој траеше од Параболика до првата шикана.

Круг подоцна, Леклер не “фати“ добар залет на првата шикана, Хамилтон стигна до него и имаа дуел во пресрет на Аскари. Возачот на Ферари доби црно-бело знаме како опомена за тоа што премногу се движеше во зоната на кочење.

Валтери Ботас кој ја поведе трката од промената на гуми на леклер влезе по свеж медиум во 28от круг и “падна“ од 1во на 4то место.

Истиот круг гуми промени и Карлос Саинз, но Мекалрен “утна“ со местењето на предното десно тркало и шпанецот се паркираше крај патеката по излегувањето. Имаше шанса за одлични поени, но Мекларен втора трка по ред нема среќа.

ругот број 30 беше последен за Дании Квајт откако Хонда-та на русинот почна да чади уште при менувањето гуми, а се повлече веднаш по враќање на патеката.

Кевин Магнусен се паркираше во гаража во 46от круг, а Луис Хамилтон влезе во бокс два круга подоцна по свежи софт за најбрз круг кој и го постави.

Последните 12 кругови беше бркотница помеѓу Ботас и Леклер, но Валтери не успеа да се доближи и нападне, имаше и грешка на првата шикана по што младиот Леклер брилијантно доминираше над Мерцедес пред домашните тифози.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX