- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Италија: Пјер Гасли сензационален победник на трката за паметење

Пјер Гасли е сензационален победник на Италијанското Гранд При откако французинот за прв пат по 2008 година, кога со Торо Росо победи Себастијан Фетел, донесе триумф на малата италијанска екипа од Фаенца.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Не е само триумфот на Гасли сензационален туку и второто место на Карлос Саинз од Мекларен како и третата позиција на Ленс Строл од Рејсинг Поинт се за паметење.

Откако Луис Хамилтон победува на Монца три пати во последните пет години, имаше одличен старт и доминантно поведе на почетокот од трката. Ботас имаше бавен почеток, додека возачите на Мекларен се катапултираа напред. По првиот круг Хамилтон водеше пред Саинз и Норис, следуваше Чеко Перез и Даниел Рикардо пред Ботас, Строл и Верстапен. Ландо напредна дури 3 позиции во однос на квалификациите, а Дани две, додека најголем губитнк беше Ботас кој назадуваше четири места.

Со второто и третото место на Саинз и Норис Мекларен дојде до ситуација за прв пат од 2014 година да има два болиди во топ 3 откако пред 6 години Магнусен и Батон на Силверстон имаа одлична трка.

Пјер Гасли на првата кривина имаше близок дуел со Алекс Албон откако сакаше да мине од надвор, но возачот на Ред Бул не го виде и агресивно затвори за што доби и казна од 5 секунди.

Во вториот груп Макс Верстапен почна да го надоместува загубеното претекнувајќи го Ленс Строл за 7ма позиција.

Во кругот број 6 дојде првото откажување откако сопирачките на Ферарито на Себастијан Фетел откажаа и тој продолжи право на првата шикана. Возачот на Скудерија едвај се “доклацка“ до гаражата и немоќно се паркираше.

Во 18от круг Леклер го скрши мразот и влезе во гаража променувајќи од софт на хард гуми, нешто што подоцна му се исплатеше.

Два кругови подоцна се откажа Кевин Магнусен откако се паркираше пред влеот за боксовите што донесе безбедносно возило на патеката. Луис Хамилтон и Антонио Џовинаци побрзз да влезот во гаража и да промени гуми, но нивните инженери погрешија затоа што боксот беше затворен. За оваа глупост двајцата возачи подоцна добија казна од 10 секунди стоење во гаражата.

Круг подоцна се отвори гаражата и сите променија гуми, а во кругот број 23 следуваше рестарт на трката, а најмногу искористи Строл кој дојде на 2ро место откако не промени гуми, но и Гасли, Раиконен и Леклер кои претходно променија и на тој начин влегоа во топ 5.

Под истрага беше Ландо Норис кој претерано силно кочеше пред да влезе во боксот, но стјуардите не го казнија затоа што не прекрши никакво правило.

Рестартот фантастично го искористи Шарл Леклер кој ги мина двата болиди на Алфа Ромео и дојде на одличното 4то место. Возачот на Ферари беше фантастичен, но истиот круг на Параболика загуби контрола и излета директно во бариерата. Директорот на трка реши да ја прекине трката, а црвеното знаме значеше паркирање во гаражата.

Во тие моменти Хамилтон дозна за својата казна и побрза кај Директорот на трка да се побуни, но не промени ништо.

Поредокот во пресрет на рестартот беше Хамилтон пред Строл и Гасли, потоа Раиконен и Џовинаци, па двата Мекларени и Ботас.

Круг по рестартот Луис Хамилтон влезе во боксот да ја отслужи својата казна и се врати на опашката со 30 секунди зад водечките, така што го остави Пјер Гасли како водечки откако французинот имаше фантастичен рестарт. Втор беше Кими пред својот колега Џовинаци, а потоа тандемот на Мекларен.

Кими Раиконен беше бавен по рестартот откако загуби позиција од Раиконен, Строл, Норис, Ботас и Рикардо и на крајот заврши надвор од поени, на 13то место.

Макс Верстапен се откажа во 31от круг поради механички проблем, негово прво откажување по воведната трка од сезоната во Австрија.

Луис Хамилтон во 40от круг ги стигна последните од поредокот и ги минуваше еден по еден Албон, Расел, Гросжан, Латифи, Раиконен, Перез, Квјат и Окон и на крај беше 7ми.

Фантастично неочекуван и млад подиум од Гасли, Саинз и Строл, по што следуваше Ландо Норис и Валтери Ботас. Следуваше Даниел Рикардо пред Луис Хамилтон, четири поени за Естебан Окон, два бода за Даниил Квјат и поен за Чеко Перез.

Најдобар пласман во кариерата на Николас Латифи кој финишираше 11ти.

Претходниот најдобар пласман на Гасли беше второто место во Бразил лани, додека на Саинз беше 3то место на истата трка.

Унгарското Гранд При во 2012 година беше последна трка на која немаше Мерцедес, Ред Бул или Ферари на највисокот место на пиедесталот, додека Австралија во 2013 година бепе последен пат кога немаше некоја од топ 3 екипите на подиум.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...