И Американското ГП под знак прашалник

Официјалните здравствени власти на главниот град на Тексас, Остин, изјавија дека големи настани нема да се случат во градот пред крајот на годината и со тоа се доведува во прашање организацијата на трката која е закажана за 25 Октомври. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Остин во трета фаза на планот за повторно отворање каде дозволува групи до 10 луѓе да се групираат, пред да се случи првата фаза каде е дозволено да се случуваат групни настани. 

Патеката во Остин останува затворена иако веќе имаше хуманитарен настан каде граѓаните можеа да платат да извозат еден круг на патеката. 

Др.Марк Ескот, кој е директор на јавното здравје во Остин, изјави дека големи собири не се приоритет. 

Големите настани се првото нешто што го откажавме и тоа ќе биде последно нешто што ќе го дозволиме бидејќи многу луѓе се изложени на опасност. Работиме на план да предвидиме што не чека до крајот на годината, но нема индикации дека ќе дозволиме големи настани. 

Мислам дека е важно за нас да се почитува дистанцирањето и луѓето да работат од дома. Наша цел е да се фокусираме и подоцна кога ќе има можност да ги отвориме настаните. 

И поркрај правилата, патеката е во тешка ситуација поради платеното учество што е основа за внесување пари во градот и плаќање на давачките. Трка без публика може да се дозволи, но нема да биде финансирана од државата. Формула 1 разбира дека платеното учество мора да се случи бидејќи е далечна трка и има многу трошоци за транспорт. 

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...