И во Рејсинг Поинт со пониски плати и принуден одмор

Рејсинг Поинт станаа дел од листата на Форула 1 тимови кои ќе испраќаат свои вработени на принуден одмор, додека Серхио Перез и Ленс Строл самите понудиле да им се намали платата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Минатата недела Мекларен беше првиот од седумте тимови со седиште во Велика Британија кои ја искористија понудата од британската влада за принудни одмори. Владата се согласи да исплати 80 проценти од платата на тие вработени, максимално до 2,500 фунти месечно додека тие не се вратат на работа.

Дополнително, Ландо Норис и Карлос Саинз, како и извршниот менаџмент, се согласиле да им се намали платата.

Вилијамс донесоа иста одлука во Понеделникот, додека Џорџ Расел и Николас Латифи се согласиле на намалува на платата од 20 проценти. И Рејсинг Поинт се согласија на истите чекори.

Сеуште нема детали околу тоа колку од 465те вработени во Рејсинг Поинт ќе одат на принуден одмор, или колку е процентот на намалената плата. Се очекува и другите четири екипи, Мерцедес, Ред Бул, Рено и Хаас исто така да донесат слични мерки со цел да се заштитат работните места.

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...