- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

И Гасли барал нов инженер додека бил во Ред Бул

Пјер Гасли откри дека и тој барал нов и поискусен инженер додека бил возач на Ред Бул, но за разлика од Алекс Албон, тој не добил.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Албон беше блиску до неколку подиуми во Формула 1, но недостатокот на брзина споредено со Макс Верстапен сезонава донесе многу споредби со неговиот претходник, Пјер Гасли.

Французинот беше вратен во Фаенца на средина од минатата сезона за да направи место за Албон. Во пресрет на Британското Гранд При Алекс доби и нов инженер во Симон Рени, искусен “лисец“ кој своевремено работел со Марк Вебер и Даниел Рикардо.

јас барав нов инженер, но искрено, тоа што направија промена кај алекс значи дека било неопходно. лани дојдов во ред бул по само една формула 1 сезона и моето искуство во спортот беше мало.

знаев дека сум брз, но сакав да имам крај себе некој со поголемо искуство одошто некој кој е нов во спортот. тоа многу ми отежнуваше, но сега е минато и сакам да гледам во иднина.

фокусиран сум да одработам максимално добро за алфатаури. знам дека можев да дадам повеќе за ред бул, тие го знаат тоа, но имаше доста причини за тоа што се случи, иако сега тоа е веќе зад нас. – објасни гасли.

Гасли одбива да направи споредба помеѓу неговата ситуација и онаа во која се наоѓа Албон во моментов.

ќе оставам секој да си иа свое мислење. она што јас веќе неколку пати го кажувам е дека има многу работи кои можеа подобро да се направат и има многу објаснувања зошто не бев доволно конкурентен.

верувам дека ред бул се одлични во моментов во однос на промените затоа што и јас ги сакав истите работи лани. ако го прават тоа значи веруваат во исправноста на тие потези.

јас знам зошто не бевме толку конкурентни, но не знам зошто алекс се мачи. јасно е дека од четири трки, ние два пати бевме побрзи на квалификации од него со побавен болид, така што нешто не е како што треба.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Кубица го предупреди Фетел: Нема да биде лесно во Астон Мартин

Полскиот возач Роберт Кубица, смета дека Формула 1 треба да биде среќна што Себастијан Фетел останува на гридот следната година. Откако уште во Мај Скудерија...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вилнев: Ферари можеше да биде тоа што денеска е Мерцедес

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Ферари можеле да бидат она што денеска е Мерцедес доколку не заминел толку талентиран персонал од...