И Хамилтон сака директен дуел со Маркез

Луис Хамилтон потврди дека е заинтересиран за дуел против шампионот во МотоГП, Марк Маркез, во иднина, поради интересот на возачот на Мерцедес во моторцикли.

Хамилтон е голем фан на моторцикли. Покрај тоа што имаше тест во Супербајк минатата година со Јамаха, петкратниот шампион исто така е сопственик на МВ Агуста мотор кој често го вози низ падокот.

Пред трката минатиот викенд во Силверстон, петкратниот МотоГП шампион, Марк Маркез, изјави во интервју дека е заинтересиран за дуел на шампионите со Хамилтон, откако и тој имаше можност да проба Ф1 болид минатата година со Ред Бул.

Хамилтон преку социјалните мрежи истакна дека е подготвен и одвај чека на шансата.

Сепак, соработката на Хамилтон со Монстер може да се покаже како проблематична за дуел со Маркез, земајќи предвид дека вториот е спонзориран од Ред Бул.

НАЈНОВО

Рикардо им “спушта капа“ на Мерцедес за иновацијата

Даниел Рикардо ја пофали Мерцедес што продолжиле со огромен напредок и новитети во Формула 1 за време на предсезонските тестови. DAS системот доведе до многу...

популарно

📷 Ред Бул РБ16 подготвен да нападне за титула

Ред Бул го покажа, иако само на слика преку Интернет, својот најнов РБ16 болид со кој се подготвуваат да нападнат за титула.