0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Капито донесе уште еден свој колега за Спортски директор во Вилијамс

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Вилијамс, предводени од Главниот извршен директор, Јост Капито, не престануваат да вработуваат поранешни луѓе од Фолксваген моторспорт, каде Капито беше шеф на рели програмата, овој пак во Гроув ќе дојде Свен Сметс на местото спортски директор.

Претходно Сметс беше тимски менаџер на програмата на Фолксваген во ВРЦ, а шеф му беше секако, Капито. Откако Капито замина по три титули во рели во 2016 година и се приклучи на Мекларен, Сметс беше човекот кој го наследи и работеше следните четири години за Фолксваген.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Капито беше само Главен извршен директор на Вилијамс на почетокот на годинава, но по заминувањето на Сајмон Роберс кој ја имаше улогата шеф на тимот, Јос ја превзема и таа улога и идентификуваше потреба од реструктуирање на екипата и носење на нови луѓе.

Сметс уште минатиот месец почнал да работи во Вилијамс, а Катарското Гранд При на Лосаил му била првата трка која ја посетил, иако екипата официјално дури сега го потврди неговото вработување. Тоа е втор човек кој доаѓа од Фолксваген откако во Март пристигна Франсоа Хавиер Демаисон и ја превзема улогата на технички директор.

Сметс ќе биде одговорен за спортско раководење и претставување на тимот во сите делови каде спортскиот правилник има удел како на пример пред ФИА или состаноците поееѓу еипите. Тој ќе биде одговорен и за тркачката екипа и Академијата за млади возачи каде во моментов се Џек Аиткен, Рој Нисани и Џејми Чадвик.

работење со капито и демаисон и врвниот менаџмент на вилијамс со свен добиваме оптималн култура, ресурси и правилна околина за тркачкиот тим да успее – напишаа од вилијамс.

Во Јуни Капито откри дека идентификувал голем број на персонал во моторспорт индустријата кој е расположен да работи за Вилијамс и да му помогне на тимот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Капито ги разгледува можностите за соработка со Ауди

Јост Капито изјави дека неговиот тим ги разгледува можностите кои ги нуди Ауди за можно партнерство.  Тимот од...

Вилијамс сакаат формата од трка да ја имаат и на квалификации

Вилијамс велат дека треба да работат на подобрување на темпото на квалификациите на претстојните настани по неколку...

Капито: Нема да го отпуштиме Латифи

Шефот на Вилијамс уште еднаш потврди дека местото на Николас Латифи не е во никаква опасност да...