Капито: Ограничувањето на трошењето е добар почеток

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Главниот извршен директор на Мекларен, Јост Капито, верува дека Формула 1 треба да направи повеќе од само ограничување на буџетите за да спортот стане подостапен.

Последните години цената на чинење на една Формула 1 екипа е многу порасната, моторите се прескапа, а развојот на шасијата исто така чини многу. Поради тоа, воведено е ограничување на трошењето согласно кое буџетите на тимовит егодинава се лимитирани на 145 милиони долари, а во иднина тој износ ќе се намалува дополнително.

во моментов е речиси невозможно за приватна екипа да се трка и да преживее и тоа мора да се промени. ограничувањето на тршењето е важен чекор, 145те милиони за оваа сезона се воведени, но тоа не е доволно.

проблемот е што нема независни производители на мотори затоа што правилата се прекомплицирани, а цената на моторот е преголема за да некој независен производител си дозволи таква инвестиција.

треба сериозно да размислиме како да создадеме правила аз нзависните тимови и производители да опстојат – предлага капито.

Поранешниот шеф на Фолксваген смета дека со решавање на конкурентноста и трошоците, спортот мора да има на ум дека треба да остане релевантен за автомобилската индустрија.

потребно е болидите да се чујат и видат во секојдневието, да се посака тие да се возат и да им се даде пристап на партнери на тој начин. моторспортот мора да остане релеванатен за во иднина, но мора да најде решение да стане климатски неутрален и да продолжи да биде пионер. социјалната улога исто така е важна затоа што го охрабрува однесувањето на луѓето.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема