Капито се надева на голем напредок догодина, но не и на титула

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Главниот извршен директор на Вилијамс, Јост Капито, смета дека неговата екипа мора да цели високо и да има силен напредок следната Формула 1 тркачка сезона кога на сила ќе стапат целосно новите правила, но и покрај тоа, останува реален дека титулата е недостижна.

Следната година на сила ќе стапат целосно променетите технички правила со цел олеснување на следењето и блиското тркање согласно новите спортски и финансиски правила. Во 2014 година кога беше претходната сила промена во регулативата, екипата од Гроув напредна од 9то место претходната до 3то.

Минатите пет години Вилијамс силно назадува во конструкторскиот поредок, а минатата сезона им беше прва без поени во 44-годишната историја на екипата. Исто така, лани тимот беше продаден на американскиот инвестициски фонд, Дорилтон Капитал кои се во процес на инвестиција во екипата.

очекуваме и работиме кон правење на значителен чекор, но да се каже дека имаме шанса за титула догодина е целосно различна работа. секако дека новите правила ни даваат шанса, имаме нови сопственици од лани кои силно инвестираат и мораме да го оправдаме тоа.

веќе е доцна да се почне “од нула“ да се работи на болидот за 2022 година затоа што се треба да е во најдобар ред. да бидам реален, сакам да направиме силен чекор напред, но нереално е да веруваме дека имаме шамапионски болид – смета капито.

Германецот неодамна во Гроув ги донесе своите колеги од Фолксваген и тоа техничкиот консултант Вили Рампф и техничкиот директор Франсоа Ксавиер Дамаисон. Запрашан дали двајцата ќе имаат удел во следниот болид, тој одговори:

ќе треба да видиме, мислам дека има шанса за тоа. дамаисон пристигна оваа недела и е во 5-дневен задолжителен карантин, така што не може да види никој и поради тоа не може да се запознае со колегите и работиме само преку видео повици.

мислам дека до следната недела тој ќе дојде во фабриката, но го имаме вили кој веќе неколку недели работи со нас и не подджува од техничка гледна точка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема