Квјат сака уште поголем напредок од Алфа Таури и Хонда

Даниил Квјат вели дека важно за двата тима, Скудерија Торо Росо и снабдувачот на мотори Хонда, да се подобрат уште повеќе по силната сезона во 2019 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Русинот се врати во Торо Росо на почетокот на 2019 година и му помогна на тимот да се пласира на шесто место во поредокот, а стигна до подиум во Германија, додека Пјер Гасли се пласираше на второ место во Бразил. Торо Росо го променија името за новата сезона и ќе бидат познати како Скудерија Алфа Таури, но и покрај тоа, Квјат вели дека е важно тимот да не се опушти и да направи уште поголем напредок во спортот.

Хонда направија голем чекор напред минатата година, а следната треба да биде уште поголем чекор напред и тоа би било одлично. Од таа гледна точка, не сум премногу загрижен. Мислам дека напредокот беше добар. Шасијата беше слична. Мора да работиме и да го подобриме нашиот пакет.

Не изгледа дека ќе има многу голема промена во правилата во било која област така што мора да бидеме врвни во нашите способности. Се надевам, ќе успееме во тоа. Немаме поставено некои прецизни очекувања. Најверојатно ќе бидеме во средината. Ќе биде тесно, но ќе дадеме се од себе – поска квјат.

НАЈНОВО

Волф: Можно е дополнително затворање на фабриката

Период на затворените фабрики може да продолжи поради кризата со Корона вирусот во Формула 1, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Со цел да...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...