Кими Раиконен призна дека неговиот однос со поранешниот свој шеф, Рон Денис од Мекларен, однос кој беше тема на пишување додека работеа задедно, не бил идеален, но позитивно гледа на тоа.
имавме фин однос иако многу работи се кажаа и напишаа за нашиот однос, но внатре во тимот беше добро. имавме фина соработка и јасно е дека не се согласувавме за се, имавме различни мислења, но тоа се случува – посочи финецот.
Раиконен замина од Мекларен во 2006 година, направи трансфер во Ферари каде следнатѕа сезона го освои насловот, но посочи дека и покрај тоа останал во добар однос со Денис.
откако заминав се гледавме на патеката, разговаравме и се шегувавме за одредени работи. однадвор изгледаше многу поинаку, но јас немам лош збор за него. имавме различни мислења за одредени работи, но тоа е многу често така.
По Мекларен, Кими се пресели во најтрофејниот тим од падокот, Скудерија Ферари, а запрашан за разликите помеѓу двете екипи, тој објасни
веројатно најголема разлика е филозофијата на работење, како се работи, какви се состаноците и секако јазикот на кој се разговара. секако дека сите разговараат на англиски, но националноста ја прави разликата, италијанците се страствени за одредени работи, многу повеќе од англичаните. но, не значи дека некој е во право, а друг не. се има добри и лоши страни.