0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Кими огласи на продажба свое Ферари за 1,8 милиони евра

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кими Раиконен сеуште е последниот возач на Скудерија Ферари кои освоил титула за најтрофејниот тим на гридот, а неодамна се повлече од Формула 1 по речиси две децении во спортот.

Финецот огласи на продажба свое лично Ферари Ф12тдф за износ од 1,8 милиони евра преку дилер на луксузни автомобили во Швајцарија. Се работи за лимитирана верзија на автомобил од Маранело, верзија на стандардното Ф12 од само 799 автомобили. Автомобилот иам В12 мотор со 770 коњски сили, а до 100 кмч забрзува а само 2,9 секунди. Максималната брзина на “ѕверот“ е околу 340 кмч.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Првичната цена на автомобилот беше 550 илјади евра кога беше промовиран пред шест години, но како и сите лимитирани верзии, цената му се зголемува како што одминуваат годините. Ако се земе во предвид дека се работи за личниот примерок на последниот Формула 1 првак со Ферари, не е ни чудо што цената му е 1,8 милиони евра.

Понатаму, дилерот Car Star AG посочува дека се работи за единствена боја која е идентична со неговото победничко, шампионски Ферари Ф2007.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Ферари бара решение за бавните кривини

Од Ферари открија дека бараат одговори зошто брзината на минување низ бавните кривни кој беше нивна предност...