- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кими разочаран што бил задржуван

Кими Раиконен е разочаран што бил задржуван во својот квалификациски круг, но Алфа Ромео се оптимисти и покрај лошите квалификации.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Швајцарската екипа ќе стартува од претпоследниот ред утре, откако Антонио Џовинаци го победи својот колега на денешната сесија.

Ц39 болидот се мачи на сите сесии, а во моментов имаат само два освоени поени благодарение на 9то место на првата трка на италијанецот. Сепак, имаше знак за подобрување викендов по донесените аеродинамички подобрување.

Своето 18то место Кими го освои со 2 десетинки побавно време од својот колега, но вонемирен е што бил блокиран од Естебан Окон и неговото Рено во текот на воведните 18 минути на квалификациите. Французинот е пријавен кај стјуардите за прекршокот.

болидот беше посилен викендов и имав добро чувство, балансот беше добар, но сеуште ни недостасуваше нешто.

можев да имам подобар резултат на квалификациите, но ме задржуваа на последната кривина, но мислам дека немаше да направи некоја голема разлика.

имаме многу за работа како екипа, се подобривме, но мораме уште да притискаме во таа насока. трката ќе биде интересна, очекувам да се бориме за поени и да напредуваме – најави финецот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...