0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Кими ќе се трка во Наскар на Ваткинс Глен

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кими Раиконен ќе го има своето прво тркачко искуство по Формула 1 кога ќе настапи во НАскар во Август на трката во Ваткинс Глен.

Финецот ќе стане дел од Тракхаус Рејсинг на уличниот Ваткинс Глен на 21 Август и ќе вози Шевролет КАмаро ЗЛ1 во иста екипа со колегите Даниел Суарез и Рос Частин. Тоа ќе биде враќање на тркањето за Кими по 20 успешни години во врвната моторспорт тркачка серија од која се откажа по Абу Даби лани. Светскиот првак од 2007 година има искуство во Наскар каде одработе неколку трки во 2011 година за Кајл Буш Мотоспорт додека паузираше од Формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тој објасни дека првично не сакал сериозно да се трка никаде откако се откажал од Формула 1, но преговорите со Траксајд Рејсинг тргнале во добра насока.

разговаравме како да сае оствари тоа што го сакаме, на која трка ќе се тркаме и слични работи. има многу работи кои играа улога и сето тоа ми стана логично. се работи за една трка и за нас како семејство имаше логика. секогаш уживав додека порано се тркав во америка.

се надевам дека ќе имаме добра трка и добра забава. секако дека ќе биде нов автомобил кој никогаш не сум го возел, но сигурен сум дека ќе се снајдам – посочи раиконен.

Возењето на Раиконен за Траксајд Рејсинг доаша како дел од нивниот Проект91 согласно кој тие сакаат автомобилот со број 91 да го даваат на некој странец на секоја трка.

Кими откри дека имал можности да продолжи да се трка и порано, но сакал доволно време да се подготви за Ваткинс Глен.

јасно е дека имав опции да се тркам повеќе годинава, но не сакав да избрзувам, подобро е да почекам до ваткинс глен за да се подготвам колку што можам подобро и мислам дека целата работа ќе испадне супер, а каков ќе биде исходот никој не знае. ќе дадеме се од себе.

што доаѓа потоа не знам, никој не знае, но ќе се обидеме да испорачаме добра трка и да уживаме, а ќе видием што ни носи иднината, јас во моментов немам планови.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Кими не знае зошто фановите толку го сакаат

Кими Раиконен не разбира зошто е толку популарен помеѓу Формула 1 фановите, но претпоставува дека е поради...

Кими за односот со Рон Денис: Имавме различни мислења

Кими Раиконен призна дека неговиот однос со поранешниот свој шеф, Рон Денис од Мекларен, однос кој беше...