0 ден

Нема производи во кошничката.

Кога возачите се частат, частено е … 170,000 евра кај Нусрет

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Пред последниот тркачки викенд од сезоната во Абу Даби, сите Формула 1 возачи се собраа на заедничка вечера во четвртокот во познатиот ресторанот Нусрет на Салт Бае во Абу Даби и на истата потрошиле околу 170,000 евра.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Покрај познатите бифтеци, на возачите особено десертот и алкохолот им се допаднале. Тие порачале 11 локума, 15 баклави, но виното Петрус било “соленко“ и ги чинело најмногу, 137,843.94 евра за 7 шишиња. Келнерот Јасин сигурно бил среќен со бакшишот 🙂

На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка.

ПОТВРДЕНО од ЕСПН – Луис Хамилтон ја платил сметката во чест на Себастијан Фетел кој заминува во пензија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фотографијата од сметката самиот Салт Бае ја сподели на Инстаграм од неговиот ресторан на островот Ал Мариа во истиот момент кога се објави веста за вечерата на возачите.

Според Салт Бае, “квалитетот никогаш не е скап“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ