0 ден

Нема производи во кошничката.

Кога сонот станува јаве: Давидовски и Македонија на подиум во светскиот моторспорт!

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Виктор Давидовски израсна со желба за успех во моторспорт трките, не само од почетоците со своето Југо во Македонија, туку и ширум Европа и светот. На патеката во Џеда во Саудиска Арабија, неговиот сон се исполни, а се исполни и сонот на сите кои посакуваат најголеми успеси за македонски спортисти, да бидеме на самиот трон, на самиот подиум.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Со пласман на второто место на подиумот на последната трка од светското првенство на туринг автомобили, нашиот Виктор Давидовски стана најуспешниот македонски претставник во моторспорт светот.

Пред само две недели, Виктор, заедно со неговиот тимски колега од Comtoyou Racing, преку wild card учестуваат на трката од WTCR во Бахреин, каде Давидовски се пласираше во топ 10. На неделната трка во Саудиска Арабија, тој го потврди својот талент и искуство.

Давидовски стартуваше од првиот ред, но загуби позиции на почетокот. Драмата која следеше потоа и неговото тактичко возење му овозможија да се врати на својата втора позиција и го комплетираше тимскиот 1-2 финиш, зад неговиот колега Жил Магнус.

Импресивно, навистина сум импресиониран од Виктор и навистина сум среќен за него. Благодарен сум на него и целиот тим на Comtoyou Racing – изјави Магнус.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Давидовски искрено го сподели своето мислење:

Ова беше неверојатен викенд за мене. Можеби самиот си поставив премногу притисок на почетокот и направив грешка. Но по 3 кругови ја вратив позицијата и бев позади Магнус и завршив на второто место. Премногу сум среќен. Освојување на подиум во WTCR е нешто фантастично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ