Кои се кандидатите за наследник на Жан Тод во ФИА ?

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Оваа година истекува мандатот на претседателот на ФИА, Жан Тод.

Како кандидат за негов наследник по 12 години на чело на федерацијата се спомнуваат две имиња, а тоа се Греам Стокер и Мохамед бен Сулајем.

Греам Стокер е моментален замемик претседател за спорт кој блиску соработува со Тод, а во неговиот тим се Брајан Гибонс и Тиери Вилемарк кои ја потврдија неговата кандидатура.

Имам намера да се кандидирам за челната позиција во ФИА. Веруваме дека во наредните четири години кои се критични за сите нас ќе обезбедиме стабилност и ќе ги направиме потребните промени.

Верувам дека го имам знаењето, страста и имам јасна цел со нашите членови понатаму да ги развивам клубовите и федерацијата.

Брајан Гибонс и Тиери Вилемарк се дел од мојот тим. Тие имаат многу искуство и ние заедно нудиме искусно лидерство во кое може да се верува.

Мохамед бен Сулајем се кандидира по втор пат за претседателската функција, а неговата кампања се вика ФИА за членовите.

Би сакал да и вратам на ФИА многу од нејзиното членство и со моето искуство како подпретседател, натпреварувач и бизнисмен да додадам некаква вредност. Горд сум што ќе водам искусен тим кој ќе испорача тоа што им треба на фановите.

Тимот на Сулајем се состои од Кармело Санз де Барос, Тим Шерман и Роберт Рид. Се очекуваат повеќе кандидати, но овие двајца отстапуваат со најголеми шанси за претседателската позиција. Кој и да биде избран ќе раководи со Формула 1, Реликрос, ВЕЦ, Формула Е и Рели шампионатот.

Жан Тод беше критикуван за наложувањето на употреба на хало, системот за заштита на кокпитот, кое веќе спаси неколку животи на возачи. Тој што ќе го наследи треба да продолжи по патот на Тод.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема