Кореа е во стабилна состојба по операциите

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хуан Мануел Кореа е во стабилна состојба по операцијата на ногата и малата повреда на рбетот по страшната несреќа на вчерашната трка во Формула 2.

Возачот на Заубер Јуниор беше дел од големиот судар со многу болиди каде загина младиот возач Антоан Хуберт. Тој беше однесен со хеликоптер заедно со Хуберт во блиската болница каде беа дијагностицирани многу фрактури на неговите нозе.

Хуан Мануел Кореа беше дел од страшниот инцидент на Спа. Тој е жртва на сударот што се случи пред него и немаше каде да оди и имаше контакт со застанатиот Ф2 болид.

Има фрактури на двете нозе и мала повреда на рбетот и во моментов е на интензивна нега. Неговата состојба е стабилна. Беше однесен со хеликоптер во медицинскиот центар. Тој остана свесен за целото време се до влезот во операционата сала.

НАЈНОВО

Албон мора да биде подобар годинава, побара Марко

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, побара повеќе од Александер Албон за да продолжи да го импресионира тимот и претсојната тркачка...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...