- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кореа се врати во болид по пауза од 533 денови

Хуан Мауел Кореа имаше враќае во отворен едносед на Пол Рикар во Понеделникот по трагичната несреќа на Спа во Август 2019 година во која животот го загуби Антоан Хубер.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тоа беше враќање на возачот во болид по пауза од 533 денови по тешките повреди со кои се здоби на трагичното Белгиско Гранд При тркајќи се во Формула 2. Следуваа дури 26 операции за да се врати подвижноста на возачот кој беше решен да се врати на моторспортот.

Надежта и напорната работа на физичката подготовка на Кореа вродија со плод, така што тој доби тест во Формула 3 болид за АРТ за кои ќе се трка сезонава, а неделава имаше тестови и подготовка на Пол Рикар.

533 денови по спа се вратив за прв пат во кокпитот на формула. тешко е да се опише со зборови што тоа ми значи. се што можам да кажам е благодарност до сите кои ме поддржувавте. антоан хубер беше со мене денеска – напиша кореа на својот твитер профил.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно