Формула 1 падокот пристигна на патеката Мелбурн Парк на трката за Големата Награда на Австралија викендов.
По двете доминантни победи на Ред Бул на првите две трки од сезоната, малкумина веруваат дека некоја од другите екипи има доволно перформанси да им конкурира и овој викенд, но останува да видиме.
Во меѓувреме, да се потсетиме кои екипи имаат најмногу победи за Големата Награда на Австралија. Оваа листа ја вклучува и патеката Аделаида.
ЕКИПА | БРОЈ НА ПОБЕДИ |
МЕКЛАРЕН | 11 |
ФЕРАРИ | 10 |
ВИЛИЈАМС | 5 |
МЕРЦЕДЕС | 4 |
РЕНО | 2 |
БЕНЕТОН | 1 |
БРАУН ГП | 1 |
РЕД БУЛ | 1 |
ЛОТУС | 1 |