0 ден

Нема производи во кошничката.

Крак: Астон Мартин е во рамките на својата петгодишна цел

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, вели дека тимот од Силверстон во Формула 1 е во рамки на својот план откако се опоравија по лошиот почеток на сезоната во 2022 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сепак, тој нагласи дека тимот треба да направи чекори напред следната година, особено затоа што AMР23 ќе биде првиот болид дизајниран и изграден под техничкиот директор Ден Фалоус и други клучни вработени.

На почетокот на 2021 година, откако го презеде Рејсинг Поинт, Aстон Мартин се стреми кон освојување на светскиот шампионат во рок од пет години.

Астон имаше незгоден почеток на сезоната во 2022, а болидите редовно завршуваа надвор од поените. Во текот на последните неколку трки, тимот скокна од деветтото на седмото место во светскиот шампионат, за малку пропуштајќи го шестото место.

Од начинот на кој ја започнавме годината, мислам дека задоцнивме – рече Крак за напредокот во 2022 година.

Но мислам дека завршивме доста добро. Мислам дека во третата година треба да видиме јасно подобрување, јасен чекор во однос на перформансите и би рекол дека сме во рамките од планот.

Мислам дека тоа е многу импресивно закрепнување. Јасно го гледате влијанието на луѓето како Ден и другите.

Мислам дека имаме многу импулс и го чувствувате тој дух кога ќе влезете овде. Мислам дека искрено, имаме причина да веруваме дека можеме да продолжиме по тој пат. Значи, се е добро од таа гледна точка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Крак призна дека бил претпазлив да направи големи промени откако му се приклучил на тимот непосредно пред почетокот на оваа сезона.

Мислам дека понекогаш е потешко да не се прават радикални работи. Мислам дека е важно да се остане смирен. Јас сум надвор од Ф1 многу години.

Но, некои од овие работи не се променети. Треба да анализирате што е вашиот проблем? И не можете да менувате пет работи одеднаш. Значи, прво се работи за тоа кои слабости треба да ги поправиме.

Крак рече дека подобрувањето на повратните информации од болидот до возачот е клучната почетна точка.

Добро се сеќавам дека седевме заедно во Мелбурн многу долго. И решивме првото нешто, треба да му дадеме повратна информација на возачот, за да почувствуваат што прави болидот пред да можеме да идентификуваме што да правиме следно.

Значи, од таа гледна точка, мислам дека е важно да им верувате на луѓето што ги имате, без да предвидувате брзи реакции во однос на персоналот, бидејќи очигледно губите време со новите луѓе, губите уште неколку месеци.

Ги имаме вистинските луѓе и реакциите беа многу добри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ