КРУГ.МК: Drive To Survive 3 е се што сакаме во Формула 1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Само еден збор – WOW. Од полемики, политика, предрасуди, шпекулации, негодувања, расправии, разбирања, до ужасни несреќи. Формула 1 Drive To Survive 3 е се што можевме да очекуваме, но искрено и многу повеќе.

За тие кои не ја следат Формула 1 редовно, можеме само да препорачаме да почнете од првата сезона на Drive To Survive на Нетфликс. Ако навистина ве заинтересира, препорачуваме да почнете со истражување на целата историја. Реално, овој спорт е повеќе од нешто што може да замислите и секој кој ќе каже дека е досаден или бил досаден во одредени моменти, искрено не го разбира, “макар“ и се налутиле.

Drive To Survive 3 требаше да ја прикаже сезоната минатата година, во 2020 и се што се случуваше. Но покажа многу повеќе од тоа. Мислевте дека има политика и несогласувања во Формула 1? Во право сте биле. Мислевте дека има недоразбирања, разговори позади затворени врати? Во право сте биле. Мислевте дека сите тимски шефови и возачи не се поднесуваат? Не сте во право. Мислевте дека секој гледа за себе и ако нешто се случи на еден од тие 20 возачи, дека никој нема да ја покаже хуманата страна во себе? Се лажете!

Оваа сезона на серијалот на Нетфликс открива ситуации позади затворени врати кои никогаш не ги знаевме. Сирил Абитебол, поранешниот тимски шеф на Рено – емотивен, за малку да заплаче бидејќи другар му Даниел (Рикардо) си заминува од тимот? Кој ќе помислеше на тоа? Кристијан Хорнер, методичен до последен момент, што би рекле кај нас “невиден играч“, а сепак на нас ни изгледа дека само реагира во моментот од возбуда.

Тото Волф, исто така, суров, директен и бескрупулозен до крај, но сепак, па така и го знаеме. Така да, ништо ново кај него. Покрај другите, на самиот врв, Лоренс Строл или како ние што почнавме да го викаме “Дон Корлеоне“. Суров до максимум, прецизен, директен, без простор за дискусија – затоа Рејсинг Поинт/Астон Мартин ќе биде успешен тим. За цврст тим, за цврсти резултати, треба таков лидер – ако на некој не му се допаѓа, може да си оди дома. Ова е спорт, но ова е и бизнис, а “Cash Is King”.

Кај возачите, секогаш истите приказни. На почетокот се сакаат, на крајот се мразат. Ландо Норис со Карлос Саинз. Помисливме за момент дека Ландо е “срце“, но покажа мрачна страна кога станува збор за Карлос и неговото заминување во Ферари. Шарл Леклер со Себастијан Фетел се дел од повеќе други примери. Валтери со Луис, тоа е сосема друга приказна. Финецот едвај успева да го победи, последно што ни требаше е да го видиме сосема гол во финска сауна.

Го забележувате негативниот тон на оваа статија? Има причина. Сезона 3 од Drive To Survive понуди невиден пристап до моменти кои никогаш не сме ги забележале. Сите претходно наведени дискусии, шпекулации, жалења, деманти, опструкции, сето тоа ништо не значи. Зошто?

Само беше потребен еден инцидент. Роман Гросжан и како се бореше за својот живот во Бахреин. Моментот кога сите ние застанавме, со рацете на своите лица и се молевме. Во тој момент, сите несогласувања исчезнаа помеѓу сите во Падок просторот на Формула 1. Сите се молеа, надеваа дека французинот ќе излезе жив од таа ужасна несреќа.

Тоа е овој спорт. Сиот адреналин, сета возбуда, СИТЕ РАЗЛИКИ, сите дебати, политики и се што не тера да го гледаме. Тоа е конкурентноста, желбата за победа, за повеќе, но и за еднаквост помеѓу сите. Никој не е подобар од некој друг, без разлика на раса, религија, националност, определеност … Сите сме еднакви! Ние го сакаме тоа, ние сме фанови, НИЕ СМЕ ФОРМУЛА 1.

#WeRaceAsOne #EndRacism

* Авторски текст на редакцијата на КРУГ.МК *

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема