Кружат теории за падот во формата на Ферари

Американското Гранд При беше ужасно искуство за Ферари откако Шарл Леклер заврши 50 секунди позади победникот Валтери Ботас.

Откако направија голем напредок во перформансите по летната пауза, Ферари паднаа значително во нивната форма, а по стартот во Америка, Леклер заврши далеку позади водечките.

Дали тоа беше само лош ден? Или дали сите шпекулации околу истрага на ФИА во нивниот агрегат ги приморало Ферари да го променат својот метод кој беше критичен за нивното воскресување?

Така ви е кога мамите – гласеше изјавата од Макс Верстапен.

Сите очи ќе бидат вперени кон Ферари во Бразил

Има многу да се процесира. Одлично возење од Ботас кој стигна до победа. Стратегијата со две влегувања се покажа како правила во обид да се одбранат од Верстапен. Стратегијата со едно влегување исто така функционираше и без дуелот против Ботас, тоа ќе беше лесно второ место.

Жолтото знаме сепак се покажа како несреќно за Макс.

Темпото на Ферари беше втора најголема тема во денот. Сите знаат дека нивната форма на долги серии не е добра, но беше огромно изненадување што се покажа нивната форма од Будимпешта. Постојат повеќе теории. Следната трка ќе го даде одговорот.

Дали Ферари ескпериментираат со поголемо ниво на отпорна сила за следната година?

Ферари изгледаа многу побавно на правците во споредба со претходната трка. Ова очигледно доведе до сомнеж, особено по техничкото појаснување побарано од Ред Бул.

Макс Верстапен веднаш ги обвини за мамење, но очигледно тоа не може да се докаже сеуште. Сепак, тоа не е единственото објаснување зошто беа бавни. Остин можеби не одговарал на нивниот болид, иако долгите правци посочуваат дека патеката би требало да им одговара.

Секако, патеката беше многу нерамна и по откажувањето на Фетел, Ферари му посочи на Леклер да ги избегне големите нерамнини.

Последна хипотеза е дека Ферари експериментираат со сетап за поголема отпорна сила, што има смисла бидејќи не се во конкуренција за првенството, а можеби собираат податоци за сетапот на Мерцедес. Поради тоа нема да бидат конкуренти бидејќи е против филозофијата на болидот, но може да соберат значителни податоци за наредната година.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX