- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кубица го потврди учеството во ДТМ со БМВ

Роберт Кубица ќе остане активен тркачки возач и оваа година, откако поранешниот возач на Вилијамс потврди дека ќе учествува во германската ДТМ серија со екипата на АРТ Гранд При.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Присуството на Кубица во конкурентно првенство е благодарејќи на полската компанија за гориво и негов личен спонзор, ПКН Орлен. 35-годишниот возач добро ја искористи својата мрежа на врски за 2020 година бидејќи АРТ Гранд При е екипа основана од шефот на Алфа Ромео Рејсинг, Фредерик Васур, кој направи договор со Орлен за оваа сезона во Формула 1, а Кубица беше ангажиран како резервен возач на Алфа Ромео.

Кубица ќе се трка со автомобил БМВ М4 во 20те трки во ДТМ сезонава, еден од 7 автомобили кои се снабдувани од германскиот производител на повеќе екипи. Полјакот го тестираше автомобилот во Декември во Херез, но враќањето на АРТ во ДТМ е помалку изненадување, особено навремено за Кубица.

ДТМ ме привлекува подолго време, а тестот во Херез ми овозможи вистински вкус за тоа што ме очекува. Сметам дека ДТМ е една од најсилните и најдобри тркачки серии во светот. Очигледно, мора да се здобијам со искуство споредено со постоечките ДТМ тимови, но ќе работам напорно за да подобрам постојано. Едвај чекам да почнам.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Норис со ограничен тренинг поради болки во грбот

Ландо Норис одлучил да го ограничи своето возење во Т2 за втората трка во Австрија во обид да ја намали болката во...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Шестмина возачи не клекнаа пред трката

Шест од вкупно 20 Формуал 1 возачи одбраа да не клекнат пред стартот на трката како гест за поддршка на борбата против расизмот и...