0,00 ден

No products in the cart.

Кубица и Орлен остануваат во Алфа Ромео

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Полскиот возач Роберт Кубица и следната година ќе биде тест и резервен возач на Алфа Ромео Формула 1 тимот.

Тој се врати во екипата каде возеше и претходно во својата кариера и годинава беше поддршка за Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, а го замени финецот на Монца и во Зандворт откако тој беше позитивен на корона вирус. На тие две трки полјакот заврши на 4то односно 15то место.

Полската нафтена компанија ПКН Орлен, која е поддржувач на кариерата на Кубица, исто така потврди дека ќе остане главен спознро на Алфа ромео трета сезона по ред.

Кубица годинава успешно се тркаше со спортски автомобили победувајќи во Европската Ле Ман серија со Тимот ВРТ, а се очекува и догодина повторно да се трка во некоја серија.

Алфа Ромео е единствена екипа на гридот која следната година ќе има целосно нов тандем на возачи откако Раиконен и Џовинаци ќе бидат заменети со Ботас и Жу.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема