- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Како сцена од К15, Алонсо конечно доби виза за Америка

“Колку? – 6 месеци“ (следи плех музика). Фернандо Алонсо како да се најде на сцената од хит серијата К15 кога добиваат виза за Грција, откако возачот конечно доби дозвола и одобрена виза да отпатува во САД и да учествува на овогодинешното издание на Инди500.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поради кризата со КОВИД-19 во Америка, Алосно наиде на застој во административниот процес за да ги добие потребните дозволи и виза, односно П1А-Атлетичарска виза, потребна за индивидуални спортисти со меѓународно признато ниво на перформанси.

Земајќи предвид дека Инди500 се ближи, извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, призна дека поминале низ многу нервозен период чекајќи да дознаат дали визата на Алонсо е одобрена.

Проблемот е решен, визата е одобрена неделава. Можам да ви кажам дека кога добив повик сеуште не беше разрешена ситуацијата, но сега се е средено и Фернандо ќе отпатува во Америка следната недела.

За да пристигнете во САД и да се натпреварувате како спортист, постои посебна виза за професионални спортиси и истата не беше одобрена. Визата ја процесираат во Калифорнија, а тие одговараат кога ќе одговорат. Откако ќе го добиеше одобрението, тој требаше да се појави во амбасадата во Мадрид. Никогаш немаше проблем, но како што може да замислите, со ситуацијата во САД, за да се помине низ сите владини процеси е потребно време.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Кубица го предупреди Фетел: Нема да биде лесно во Астон Мартин

Полскиот возач Роберт Кубица, смета дека Формула 1 треба да биде среќна што Себастијан Фетел останува на гридот следната година. Откако уште во Мај Скудерија...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вилнев: Ферари можеше да биде тоа што денеска е Мерцедес

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Ферари можеле да бидат она што денеска е Мерцедес доколку не заминел толку талентиран персонал од...