0 ден

Нема производи во кошничката.

Латифи доби 5 места казна за Јапонија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Николас Латифи доби казна од пет места на гридот во Јапонија за неговата вмешаност во инцидентот со Жу Гуанју на Големата Награда на Сингапур.

Инцидентот се случи во седмиот круг од трката, при што Латифи удри во Жу од надворешната страна на свиокот 5, што резултираше со повлекување на двајцата возачи од трката. Стјуардите објавија во документ на ФИА:

Стјуардите ги прегледаа видео доказите и утврдија дека Латифи е претежно виновен за судирот.

Жу се обидуваше да го престигне Латифи при директно приближување на свиокот 5 и имаше доволно простор, преземајќи ја нормалната тркачка линија.

Латифи се повлече налево, не оставајќи доволно простор до болидот на Жу и резултираше со значителен контакт помеѓу болидите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На Латифи му беа доделени и два казнени поени со што неговиот вкупен број во последните 12 месеци се зголеми на три. Грид казната ќе се одлежи на трката за Големата награда на Јапонија која се вози следната недела.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Тимот на Хамилтон стана Екстрим Е шампион

Екстрим Е тимот на Луис Хамилтон, Х44, стана шампион во електричната тркачка серија, победувајќи ја екипата на...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

🎥 Контактот на Мик со Латифи

Николас Латифи ја имаше својата последна трка во Вилијамс, Мик Шумахер истото во Хаас, веројатно двајцата го...