Леклер бил превозбуден пред виртуелната трка на која победи

Шарл Леклер откри дека било неверојатно тешко да стигне до својата прва победа во виртуелното тркање организирано од Формула 1, велејќи дека нивото на концентрациј било исто како и на вистинска трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Возачот на Ферари возеше на Виртуелното Виетнамско Гранд При за Ферари заедно со брат му Артур, но трката се возеше на автодромот во Мелбурн поради тоа што официјалната видео игра ја нема сеуште патеката. Возачот од Монако ја наследи пол позицијата по казната на Лунгард и доминираше на трката која по дистанца е половина од вистинската победувајќи со предност од над 10 секунди.

Заедно со Леклер трката ја возеа и Џорџ Расел од Вилијамс, Александер Албон од Алфа Таури, Антонио Џовинаци од Алфа Ромео, како и поранешните Формула 1 возачи Џенсон Батон, Стофел Вандорн и Џони Херберт, а поради технички проблеми не стартуваше Ландо Норис.

секако дека не беше воопшто лесно, претешко е иако седиме на стол и нема г-сили кои влијаат на телото како во вистински болид, но се потите како луд. мускулите не болат, но концентрацијата која е потребна значи големо потење и голем напор, но трката беше одлична – изјави леклер.

Со минимално оштетување на болидите како дел од правилата одлучувачки беше ќе избегне инциденти и ќе остане на асфалтот. Леклер беше безгрешен и победи со водство од почетокот до крајот на својата дебитантска виртуелна трка.

беше тешко, сите даваа се од себе и мислам дека знаевме пред трката дека тој што нема да погреши ќе победи на крајот затоа што сите сме многу блиску во однос на ритамот. среќен сум со победата.

пред осум денови ја добив играта, минатата недела многу долго играв и не знам точно колку време, но сигурно по пет часови дневно и кон крајот на неделата одлучив да се пријавам заедно со џорџ и со алекс и да покажам се на интернет и мислам дека ќе продолжам исто.

конкуренцијата беше голема и имав притисок уште на квалификациите, но среќен сум што ги оставив сите зад себе затоа што тоа е крајна цел, но навистина е многу забавно. секако дека е тешко за сите да седат дома, но ќе дадеме се од себе да ги забавуваме и верувам дека ќе следуваат уште трки периодот кој следува.

Шарл се надева дека за две недели повторно ќе се трка и ќе сака да “врзе“ две победи по ред доколку Ферари се решат да се тркаат со него и на виртуелното Кинеско Гранд При.

јас не сум менаџер на тимот и не знам дали ќе ме земат повторно во екипата, но резултатот е добар и се надевам дека се среќни и задоволни и ќе ме поканат повторно.

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...