Леклер не бил свесен за истрагата против него

Ферари не го информирале Шарл Леклер дека е под истрага во пресрет на стартот на трката во Абу Даби откако техничкиот делегат, Џо Бауер, утврдил различно ниво на гориво во болидот од она што италијанците го пријациле.

Возачот од Монако ја заврши трката на 3то место, но постоеше опасност да биде дисквалификуван поради прекршување на правилото.

Ферари не го информирале за проблемот со цел да се трка целосно посветен, а по крајот на трката и Матиа Биното беше многу релаксиран околу евентуалната казна.

не бев свесен дека се води истрага против мене и бев целосно фокусиран на возењето. искрено разбирам и зошто не би кажале. не знам кои проблеми сме ги имале, но не е моја работа – изјави шарл.

По трката тимот доби казна во износ од 50 илјади ЕУР поради прекршување на техничката диркетива ТД/14-19 која вели дека тимовите мора да откријат колку гориво има во нивниот болид пред да го пуштат на патеката, а Леклер имал 4,88 килограми помалку.

НАЈНОВО

Марко: Ред Бул има договор со Астон Мартин

Хелмут Марко ги негира шпекулациите дека Ред Бул би можел да го загуби главниот спонзор. Ние имаме договор - изјави Марко, следејќи по вести дека...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...