Леклер: Не ни сонував ваков напредок

По неубедливиот почеток на сезоната во Ферари, Шарл Леклер се сомневал дека ќе има можност да се бори за 3то место во шампионатот и при тоа да стигне до 2 победи и дури 7 пол позиции сезонава.

Возачот од Монако дојде во престижната екипа од Маранело во својата втора сезона во Формула 1 откако дебитантската ја одработе во Заубер, а во моментов го зазема 3то место во возачкиот поредок. По само еден подиум на првите 6 трки, тој го променил пристапот што вродило со плод.

по првите 4-5 трки никогаш не ни помислував дека ќе се најдам во позицијата во која сум во моментов. работев многу особено на квалификциите на почетокот на сезоната, потоа променив некои работи е од францијa сум далеку подобар.

задоволен сум со оваа сезона, не очекував вакви резултати, но сакам напредок и од тоа сум среќен – изјави шарл.

Предноста на возачот на Ферари во однос на Макс Верстапен е 14 поени во борбата за 3то место во шампионатот откако првите две места се окупирани од возачите на доминантниот Мерцедес.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX