- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Леклер признава дека тешко ќе стигне до победи годинава

Шарл Леклер од Ферари призна дека предизвикување за победа на престојниот викенд во Австрија ќе биде многу тешко за него. Неговата екипа ги негираше шпекулациите дека ќе донесат голем пакет подобрувања за време на првата трка на Ред Бул Ринг откако видливо заостануваа на предсезонскиот тест.

се надеваме дека ќе бидеме подобри, но ќе биде многу тешко. стоиме цврсто на земја како да имавме лесен тест зимоска. не смееме да заборавиме каде сме и да продолжиме да работиме – изјави шарл за Sky Italia.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тој најави дека хиерархијата во тимот нема да биде променета во однос на тоа што се најавуваше за првата трка во Мелбурн, трка која беше откажана.

не мислам дека болидот е многу различен во однос на оној кој го однесувме во австраијла затоа што не беше возможно д се работи на него за време на карантинот. ќе биде сличен, а целта е да ја искористиме секоја можност која ќе ни се укаже и да видиме до каде сме.

Младиот возач од Монако најави дека е нетрпелив за трката во Австрија и покрај целата низа мерки насочени против ширење на корона вирусот.

посреќен сум што ќе имаме толку густ распоред иако ќе биде тешко што ќе си одиме дома дури после трките. сигурен сум дека ќе биде многу возбудливо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

ФИА забрани било какви пораки од подиумот

ФИА им забрани на возачите да носат било што на себе освен тркаките одела на подиумот откако Луис Хамилтон во Муџело носеше маичка на...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...