Леклер ќе користи агрегат за 2020 во Бразил?

Шарл Леклер е можно порано да го проба агрегатот на Ферари за 2020 година, веќе на следната трка за Големата награда на Бразил, според извори од Италија.

Италијанскиот оддел на Motorsport.com сугерира дека Скудерија би можеле да ја искористат можноста да тестираат нови делови во Бразил, откако се смета дека е потребна замена на моторот на Леклер.

Возачот од Монако имаше проблеми при Т3 во Америка, откако поради протекување на масло мораше да ја користи старата, претходно возена втора спецификација на агрегатот, поради што тој имаше помалку моќ на квалификациите и во трката.

Оштетениот дел ќе биде испратен во Маранело, имавме големо протекување на масло, а не е јасно од каде. Мора да го анализираме тоа и да откриеме која е причината, а на крај и дали воопшто може да се користи – изјави Биното.

Ако моторот на Леклер од Америка не може да се користи, а во исто време ако Ферари смета дека користениот мотор со кој возеа во Америка е премногу истрошен, нов агрегат ќе го чини казна од 10 грид места, бидејќи ќе биде негов четврти во 2019 година, што пак ја отвора вратата за Ферари да пробаат компоненти за следната сезона.

Леклер се пласираше на 4то место во САД од каде и стартуваше, но заврши скоро 1 минута позади победникот Валтери Ботас.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Леклер го задржува подиумот, 50.000 евра казна за Ферари

Шарл Леклер избегна дисквалификација од резултатот на трката во Абу Даби и ќе го задржи третото место на подиумот, но Ферари се казнети а...