- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Леклер ќе учествува на тестот на 18-инчни Пирели

Ферари ќе ги користат услугите на Шарл Леклер при тестот на Пирели на 18 инчните пневматици во Херез следниот месец, уште еден показател за важноста на младиот возач во иднината на тимот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Како дел од развојната програма на пневматиците за 2021 година, Ферари ќе обезбеди тест болид во текот на дводневниот тест во Шпанија помеѓу 8 и 9 Февруари. Мерцедес учествуваа во програмата минатиот месец кога за нив возеше Џорд Расел во Абу Даби по постсезонскиот тест во Јас Марина.

Интересно, Матиа Биното го назначи Леклер, кој има договор до 2024 година, наместо поискусниот Себастијан Фетел чија иднина во Маранело е непозната по оваа сезона.

Според Motorsport.com, Ферари ќе има цел полн ден со 18-инчните тркала, а потоа ќе користи 13-инчни пневматици во вториот ден како споредба за собраните податоци. Пирели се договорија со ФИА да спроведат 25 тест денови годинава пред воведувањето на 18-инчните тркала во 2021 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Еве зошто беше казнет Хамилтон

Два стартни обиди за време на круговите кон гридот му донесоа казна на Луис Хамилтон од вкупно 10 секунди. Тој се консултирал со својот инженер...

РЕЗУЛТАТИ

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...