0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Мазепин: Руското Гранд При си ги доби парите назад

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Никита Мазепин откри дека смета оти промотерите на Големата награда на Русија си ја добиле уплатената котизација за организација на Гранд При викенд назад.

Русинот кој беше отстранет од Хаас во пресрет на сезоната откако Западот наметна санкции кон Русија поради агресијата над Украина, се пожали дека тимот му должел заостанати плати и дека ќе си ги бара парите на суд.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се појавија гласини дека ВТБ Банка, главниот спонзор на трката, нема намера да компензира никаква штета за настанот.

ние да компензираме? спротивното, росгонки како промотери авансно уплатија котизација за одржување на формула 1 трка и сега не може да си ги добијат парите назад. навистина нема основа да не си ги добиеме парите назад – изјави претседателот на втб банката, андреј костин.

Сепак, 23-годишниот возач Мазепин, чиј татко Дмитри и неговата компанија Уралкали исто така беа отстранети со Хаас, има поинакви информации.

не знам какви биле реакциите во формула 1 на моето отстранување, не ги контактирав бидејќи немаа ништо со тоа. патем, јас имам одличен однос со тогашниот прв човек на фиа, жан тод како и со актуелниот претседател бин сулајем и целото раководство на формула 1.

според моите информации, формула 1 има намера да ги врати парите на росгонки за откажаната трка правејќи исправна работа и пример. тоа се деловни односи и не може да се направи нешто спротивно со тоа, има насоки и правила на кои мораме да се придржуваме.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Мазепин не сака во Индикар

Русинот Никита Мазепин изјави дека не е заинтересиран за влез во американската Индикар тркачка серија. Иако беше отпуштен...

Мазепин ќе тужи за неисплатени плати

Никита Мазепин изјави дека ќе го тужи американски Хаас за неисплатени плати.  Рускиот возач, чија компанија Уралкали го...