0 ден

Нема производи во кошничката.

Јапонија: Макс Верстапен е двократен Формула 1 шампион

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Победа број 32 во кариерата на Макс Верстапен, триумф број 88 за Ред Бул во Јапонско Гранд При кое доцнеше повеќе од два часа поради дожд.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Иако се најавуваше старт зад безбедносното возило, сепак стартот беше од гридот и веднаш се случија проблеми.

Шарл Леклер тргна многу силно, побрзо од Верстапен, но немаше храброст да мине толку брзо низ првата кривина како холанѓанецот и не му ја превзеде позицијата. Себастијан Фетел имаше одличен старт, но и контакт со Фернандо Алонсо по што се изврте на првата кривина. Карлос Саинз несметан од никого се изврте и заврши во огрда, слично како и Гуанју Жу, кој продолжи. Александер Албон имаше технички проблеми и заглави во втора брзина, по што се паркираше крај патеката лазејќи по истата. Пјер Гасли исто така имаше проблеми затоа што налета директно на едно рекламно пано во кое удри Карлос Саинз. По сите овие инциденти, по само два круга, црвеното знаме беше развеано и трката прекината.

Иако рестарт на трката беше најавен по 45-минутен прекин, поточно во 14:50 по локално време, контролата на трката реши дека нема услови за возење и болидите останаа во гаражата иако возачите веќе беа целосно подготвени за возење.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Болидите се вратија на патеката, иако зад безбедносното возило, во 16:15 по локално време односно 2 часа и 15 минути од времето во кое официјално почна трката за Големата награда на Јапонија. Носењето на сини гуми за целосно мокра патека беше задолжително, а Контролата на трка најави старт зад безбедносно возило.

Безбедносното возило се повлече од патеката на 40-тина минути пред крајот на максимално дозволеното време така што толку остана тркање до финишот, а не предвидените 53 кругови.

Уште во пресрет на повлекувањето на безбедносното возило, Себастијан Фетел и Николас Латифи решија да влезат во бокс и своите сини гуми за целосно мокра патека да ги замена со зелени интермедиа. Двајцата се коцкаа многу и ќе остане да видиме дали тоа ќе им се исплати. По промената, двајцата буквално возеа паралелно низ боксот тркајќи се, инцидент кој стјуардите објавија дека ќе го истражата. Следниот круг за интермедиа се реши и Ландо Норис и Валтери Ботас.

Следниот круг лидерите Верстапен и Леклер влегоа по интермедиа гуми, а веднаш по нив и останатите од топ 10, освен Фернандо Алонсо. Наредната обиколка и водечките двајца, Алонсо и Рикардо влегоа по свежи интермедиа гуми, така што единствено второпласираниот Мик Шумахер и четвртопласираниот Гуанју Жу возеа со сини гуми.

Следуваше период во кој Џорџ Расел напредуваше и ги мина Ленс Строл, Јуки Тсунода и Ландо Норис доаѓајќи до 9то место.

Последните седум минути од трката, Леклер беше под опсада на Серхио Перез кој беше драсично побрз и со многу подобро сочувани гуми сакајќи да донесе 1-2 за Ред Бул. Сепк, мексиканецот не успеа во тоа иако до самиот крај се мачеше. Но, на последната шикана Шарл промашни точка на кочење и ја пресече шиканата за што доби казна од пет секунди и официјално 3то место.

На крајот Макс Верстапен победи пред конкурентите Шарл Леклер и Серхио Перез. Следуваа одличнио Естебан Окон и Луис Хамилтон на 4то односно 5то место, пред Себастијан Фетел. На 7мо место финишриаше Фернандно Алонсо пред Џорџ Расел, а во топ 10 влегоа уште Николас Латифи и Ландо Норис од Мекларен. Со назадувањето на една позиција, Макс Верстапен стана нов Формула 1 првак.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ