0 ден

Нема производи во кошничката.

Макс до своите колеги: Ако не сте подготвени за борба, откажете се

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Макс Верстапен смета дека возачите не треба да се тркаат во Формула 1 ако не се подготвени за целогодишна жестока борба со своите ривали.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Актуелниот и двократен првак, Макс Верстапен, смета дека е подобро некој да се откаже од спортот ако не е подготвен да го издржи притисокот. За ланскиот наслов тој се бореше буквално до последниот круг од последната трка против Луис Хамилтон, а годинава ја здроби конкуренцијата со 15 победи и неверојатни 454 поени.

Годинава календарот ќе има 23 трки и шест спринт настани, а Ферари и Мерцедес очекуваат да бидат далеку посилни од лани, така што борбата за наслов ќе се води помеѓу шестмината кои ги возат тие болиди.

ако не сте подготвени за борба, најдобро веднаш да престанете. сите сме тркачи, сите го обожаваме тркањето и убаво е да се следи сезона како во 2021 година, но убаво за мене беше и доминацијата од лани. би било претерано жестоко и напорно да се има секоја година како 2021, но тоа е невозможно – посочи холанѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ