- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Малку работи се промениле за Кими во Ф1

Кими Раиконен изјави дека не забележал многу разлика во Формула 1 како резултат на корона вирус пандемијата од минатата година. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Првата трка во Австралија минатата година беше откажана поради позитивен тест на член на Мекларен во падокот и со тоа започнаа проблемите. Се случи четиримесечно одложување по што Формула 1 се врати во Австрија каде се возеа две последователни трки и започна различна атмосфера од таа на која сме научени. 

Фановите ги немаше и падокот беше попразен од тоа што сме навикнати. Присуството на медиумите беше намалено и сите мислеа дека тоа ќе биде рај за Кими. 

Не го знаев тоа – беше неговиот одговор.

Работата за мене не се намали. Зборував со медиумите лично и преку компјутер. Седам 30 минути и одговарам на прашања и ништо не е сменето во таа смисла.

Имаше многу разговори дека се промениле работите во текот на викендот, но мислам дека не е така, секогаш од хотел одиме на патеката и назад во хотел. За тие кои сакаат да одат да јадат има рестрикции и секогаш е исто.

Раиконен стана најискусен возач во Формула 1 откако го надмина бразилецот Рубенс Баричело по бројот на трки. Откако освои само четири поени со Алфа Ромео оваа година многумина се чудат како тој продолжи да вози во Формула 1 и тој изјави дека не му е гајле за вестите. 

Не ми е гајле за тоа, ни за вестите кои ги добивам. За мене секој има право да мисли што сака. Не гледам промена во тоа. Нема потреба од драма. 

Раиконен ги очекува новите правила но не е посебно возбуден. 

Не сум одлучил ништо. Ќе видиме што ќе се случи. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно