0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Мансел: Сегашните возачи не знаат што е вистински болид

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 шампионот од 1992 година, Најџел Мансел, смета дека денешната генерација на Формула 1 возачи не разбираат како е да се вози “вистински“ Формула 1 болид, како што тој имал чест во својата кариера.

Од скоро има коментари, повеќе од Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, дека треба да се намали тежината на болидите со цел да се подобри тркањето.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мансел смета дека Ф1 никогаш нема да се врати кон тоа што била во минатото, опишувајќи го чувството како “застрашувачко“ и “возбудливо“.

Возењето на тие турбо болиди беше возбудливо, застрашувачко нешто што го правите во вашиот живот. Вилијамс ФВ11Б, ништо не беше блиску до тој болид, ништо во светот.

Формула 1 никогаш нема да се врати кон тоа. Навистина, денешните возачи никогаш нема да знаат што значи да се вози вистински Ф1 болид. Во квалификациите имавме по 1500 коњски сили, буквално, БМВ можеби имаше и повеќе.

И кога ќе пролизга болидот во шеста брзина на правец, при брзина од 175-180 милји, тоа не се опишува со зборови. Во секој свиок болидот се обидуваше да ве убие.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...