Марио Андрети размислува да го купи Заубер

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Сезоната на шпекулации во Формула 1 започнува со почетокот на вториот дел од првенството, а се чини дека Алфа Ромео ќе пополни добар дел од истата.

Швајцарската екипа донесе нов возач на местото на Кими Раиконен и тоа Валтери Ботас од Мерцедес, а второто место во екипата сеуште е непотврдено. Антонио Џовинаци има шанса да осане, но тимот има листа на возачи кои ги следи.

како снабдувач со мотори секогаш проценуваме проширување на соработката со екипата која користи наши мотори и секако дека и наш возач е дел од тој план – откри матиа биното во монца.

Сепак, откако се појавија шпекулациите дека кинески спонзори без проблем би платиле 30 милиони евра за да го сместат Гуанју Жу во болидот на Алфа Ромео, местото на Џовинаци е се понесигурно.

Падокот шпекулира дека Алфа Ромео е во преговори со Мајкл Андрети, моќна личност во американскиот моторспорт кој откри дека долго време бара начин да влезе во Формула 1 со своја екипа.

јас не преговарам со никого, јас сум главен извршен директор на компанијата, но тоа не е моја одлука. за такво нешто одлучуваат моите акционери – изјави фредерик васур.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема