Маркез сака шампионска пресметка со Хамилтон

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Петкратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, вели дека би сакал да го предизвика Луис Хамилтон на дуел помеѓу шампионите, на две и четири тркала.

Хамилтон е голем фан на Мото ГП и имаше приватен тест со Јамаха во 2018 година на патеката Херез, покрај Мајкл ван дер Марк и Алекс Лоус.

Возачот на Мерцедес исто така присуствуваше на првата трка од новата сезона во 2019 година во Катар со спонзорот Петронас, кои имаат своја екипа во Мото ГП. Личниот спонзор на Хамилтон, Монстер, се исто така спонзори на фабричката екипа на Јамаха.

Хамилтон изјави дека целосно е посветен кон официјален тест на Мото ГП мотор. Некој кој чека на него е уште еден голем шампион, Марк Маркез.

Секако! Би било интересно. Лице-во-лице, прво во Формула 1 болид, а потоа во моторцикл.

Комуницирам со него преку социјалните мрежи понекогаш и знам дека вози моторцикли и прилично е добар. Одвај чекам на тоа, најмалку, барем да се запознаеме. Бевме многу блиску до тоа минатата година, но не успеавме да се договориме.

Јас тестирав на Ред Бул Ринг во болид на Торо Росо. Беше навистина добро искуство. Извозев 40 кругови и тоа беше вистински тест. Брзината беше постигната, но ми недостасува искуство. Ја знам патеката, но зоните на сопирање и потисната сила се многу тешки да се разберат. Би можел да се навикнам на нормална патека, но не во Монако!

Возењето на Формула 1 болид на нормална патека е ок. Може да се најде лимитот, но сред град, како Монако, тоа е многу потешко.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX