Марко збунет: Нешто не е во ред

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е во прашалници по петочните тренинг сесии во Турција.

Макс Верстапен заврши повеќе од половина секунда зад Луис Хамилтон на Истанбул Парк откако се жалеше на проблеми со балансот и на вибрации од гумите на двете едночасовни тренинг сесии.

не најдовме добар баланс на болидот, штета, но нешто не е како што треба. гумите лесно прегреваат, имаме и подуправување и надуправување и не сме среќни со тоа. подуправувањето одеднаш минува во надуправување што ги прегрева гумите, а тоа е чудно од нашиот болид – зачуден и загрижен е австриецот.

Ред Бул имаше две различни сетирања на своите болиди, така што Чеко Перез заврши со 4то време, а Макс беше веднаш зад него.

го потценивме нивото на грип од обработениот асфалт, но чудното однесување беше само со болидот на макс. сетирањето на перез не беше идеално, но полека се подобруваше како одминуваше времето.

теоретски имаше само една ситна разлика помеѓу двете сетирања, поради што сметам дека нешто друго не е во ред.

Според него, разликата помеѓу Луис и Макс е околу две десетинки, земајќи ги во предвид модовите на моторот кои ги користеле.

ритамот на долги серии кај нас е вообичаено постабилен, но овој пат тоа не е случај. сепак, одработивме само петочни сесии, саботае нов ден и знам дека се може да се реши, а себастиен буеми ќе работи ноќна смена во симулаторот во фабриката.

треба само да ги решиме проблемите. ако го засилиме моторот ќе бидеме многу поблиску до мерцедес, но вака не сме на нивно ниво.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема