Марко: Макс може да замине поради клаузула за моторот

Хелмут Марко од Ред Бул посочи дека Макс Верстапен би можел да си замине од Ред Бул Рејсинг пред истекувањето на неговиот договор доколку Хонда одлучи да ја напушти Формула 1 на крајот на 2021 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На почетокот на месецот, Верстапен се посвети кон Ред Бул со нов договор до крајот на 2023 година, чекор кој би ги натерал Хонда да го продолжат своето партнерство со екипата од Милтон Кинс и по наредната сезона, смета Марко. Но во интервју за германскиот Motorsport-Magazin, Марко посочи дека е можно заминување на Верстапен поради клаузата за моторот која му дозволува да замине на крајот на 2021 година доколку Хонда си заминат од Ф1.

Во принцип, договорот е фиксен. Доколку се се одвива нормално, се ќе биде во ред. Сега имаме договор со Хонда до 2021 година. Формула 1 болид без мотор, тоа е секако тешка ситуација. Јасно е дека ни е потребен конкурентен мотор за да го задржиме Верстапен.

Сепак, Марко ја истакна својата самодоверба, дури и по големите промени во Ф1 од 2021 година. Австриецот е убеден дека Ред Бул ќе му обезбеди пакет на Верстапен кој е достоен за неговиот талент, во кој случај таа клауза не е важна.

Ние сме особено среќни, овој договор на Верстапен ни дава стабилност и голема мотивација за целата екипа. Наша голема цел за Макс, кој започна со нас во Формула 1, е да стане најмладиот Формула 1 светски шампион.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...