0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Марко: Не гледам зошто не би се бореле за титула со Мерцедес и сезонава

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Доктор Хелмут Марко верува дека годинава ќе продолжи борбата помеѓу Ред Бул и Мерцедес онаму каде што застана минатата година.

Ред Бул и Мерцедес жестоко се бореа до крајот на сезоната и се чини дека многу доцна го свртија вниманието кон развојот на болидот за оваа сезона. Со оглед на тоа што лани беше прва година со ограничени буџети, тоа значи дека требаше да се балансира помеѓу развој на тековниот пакет и вложување во целосно новите болиди за сезонава.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кристијан Хорнер веќе потврди дека нивниот РБ18 се развива согласно планот и поставените цели и ќе го доби својот облик следната недела, Марко посочи дека нема причина зошто пвторно да не се борат со Мерцедес за врвот.

можам да потврдам дека ние имаме намера да ја браниме титулата на макс верстапен и сме во одлична позицја да го направиме тоа. имавме две различни развојни програми лани и двете се покажаа одлично.

не гледам причина зошто повторно да не бидеме фаворити заедно со мерцедеси  годинава, доколку некој не нашол некоја зона во правилата која сите ја превиделе – посочи марко.

По стресната и напната 2021 година, Марко се повлекол на долг и заслжен одмор во Инсбрук, поточно во Лансерхок Ланс ризортот каде остнал 10 денови за целосно да се ресетира и подготви за рекордниот календар од 23 трки годинава.

како да бев во сауна за душата. мобилните телефони не беа дозволени попладнето, целото тело и умот ми се детоксирани и целиот стрес акумулиран годинава повеќе го нема.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...